Follow Us

+389 71 26 20 20
+389 70 390 400
+389 70 22 04 40

hortiexpert@t.mk

Mon - Sat 08:00 - 16.00
Sunday Closed

Хорти Експерт - Урбан Груп е приватна компанија основана во 1992

За нашата компанија - Историја

Почитувани,
Компанијата Хорти Експерт Урбан Груп е основана во 1992 година од г. Мите Филков под името “Флорамико”, која во тоа време е лидер во работењето со украсни собни растенија и репроматеријали за цвеќарството.
Во 2000 година компанијата” Флорамико” се ребрендира и го менува името во Хорти Експерт Урбан Груп.
. Од оснивањето до сега компанијата одбележува повеќе од 22 години постоење, период кој ни е особено важен бидејќи е веќе доволен за потврда на безвременската димензија на нашите дела. Погледнати од оваа временска дистанца, тие блескаат со сета своја раскош и убавина како и првиот ден кога се создадени. Се развиваат и зреат истовремено со развојот на нашата компанија.
Хорти Експерт Урбан Груп денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти и јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија,Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.
Главниот принцип врз кој се темели нашето работење е вклопување на градините во нивната природна средина – што го постигнуваме преку дизајнирање на градините во суптилен спој меѓу науката и уметноста. Преку доближувањето на природната убавина до луѓето, го правиме нивниот живот поудобен и нивната работа попријатна. Денес, 22 години по нашето основање во 1992 година, во волшебниот изглед на нашите градини и дворови уживаат илјадници луѓе во Македонија и во регионот.
Заедно со креативноста и светските стандарди и трендови, во прекрасните дворови, градини и парковски површини е вградено и долгогодишното искуство и знаење на нашиот хортикултурен проектант г. Мите Филков кој денес е лидер и едукатор на многу млади луѓе во неговиот тим.
Хорти Експерт Урбан Груп денес има сопствен производствен центар за декоративни садници и егзоти и два гарден центри во главниот град Скопје, како и расадник за производство и доодгледување на декоративни садници во градот Богданци на површина од 100.000 м2. Веќе една деценија Хорти Експерт Урбан Груп е официјален застапник на реномираниот производител на саден материјал VivaiSandro Bruschi ( Виваи Сандро Бруски ) од Пистоја, Италија.
Во 1997 година сопственикот на Италијанската фирма и нашата компанија Хорти Експерт МК создаваат мешовита Македонско – Италијанска фирма под името Бруски Интернационал со седиште во Скопје. Исто така од 2002 година па до денес Хорти Експерт Урбан Груп е и овластен застапник на производителот на системи за економично и парковско наводнување на фирмата “Palaplast” од Грција. Во 2012 година Хорти Експерт Урбан Груп станува и официјален дистибутер на делови за системи за наводнување од реномираниот светски производител Rain Bird преку фирмата ” InAqua ” од Загреб, Хрватска.
Хорти Експерт Урбан Груп уште од далечната 1996 година има партнерски односи со познатата грчка фирма од областа на хортикутурата” Флорекс” од Солун, Грција.
На својот петнаесет годишен јубилеј, Хорти Експерт Урбан Груп заедно со својот италијански партнер Сандро Бруски во Скопје, спроти хотелот Александар Палас на влезот во Градскиот парк, го отворија првиот хортикултурен изложбен центар со постојана Бонсаи изложба,Бруски Интрнационал, на површина од 10,000 м2. Овој центар е единствен од таков вид на Балканот.
Почитувани, пред вас е дел од нашата дваесет годишна работа на грижливо создавани градини и паркови во Македонија и во земјите од регионот. Веруваје дека ќе уживате во нив исто онака како што ние уживаме додека ги создаваме.
Со почит,
ХОРТИ ЕКСПЕРТ УРБАН ГРУП

Image