ЗА НАШАТА КОМПАНИЈА

Хорти Експерт MK е приватна компанија основана во 1991

Почитувани,

Компанијата Хорти Експерт МК е основана во 1991 година под името Флорамико, која во тоа време е лидер во работењето со украсни собни растенија и репроматеријали за цвеќарството.

Во 2000 година компанијата Флорамико се ребрендира и го менува името во Хорти Експерт МК.

Од оснoвањето до сега компанијата одбележува повеќе од 29 години постоење, период кој ни е особено важен бидејќи е веќе доволен за потврда на безвременската димензија на нашите дела. Од оваа временска дистанца, тие блескаат со сета своја раскош и убавина исто како и првиот ден кога се создадени. Се развиваат и зреат истовремено со развојот на нашата компанија.

Хорти Експерт МК денес е водечка компанија во областа на хортикултурното уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти, јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Р.С. Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Главниот принцип врз кој се темели нашето работење е вклопување на градините во нивната природна средина – што го постигнуваме преку дизајнирање на градините во суптилен спој меѓу науката и уметноста. Преку доближувањето на природната убавина до луѓето, го правиме нивниот живот поудобен и нивната работа попријатна. Денес, 29 години по нашето основање во 1991 година, во волшебниот изглед на нашите градини и дворови уживаат илјадници луѓе во Р.С. Македонија и во регионот.

Заедно со креативноста, светските стандарди и трендови, во прекрасните дворови, градини и парковски површини е вградено и долгогодишното искуство и знаење на нашиот хортикултурен тим, кој продолжува и ја надградува работата во изработката на 3Д проекти за хортикултурно дизајнирање, на кровни градини, вертикални градини, зелени ѕидови.

Хорти Експерт МК денес има сопствен производствен центар за декоративни садници и два гарден центри во главниот град Скопје, како и расадник за производство и доодгледување на декоративни садници во градот Богданци на површина од 100.000 м2. На својот петнаесет годишен јубилеј, Хорти Експерт МК спроти хотелот Александар Палас на влезот во Градскиот парк, го отворија првиот хортикултурен изложбен центар во Р.С. Македонија на површина од 10.000 м2. Овој центар е единствен од таков вид на Балканот.

Почитувани, пред Вас е дел од нашата дваесет годишна работа на грижливо создавани градини и паркови во Р.С. Македонија и во земјите од регионот. Верувајте дека ќе уживате во нив исто онака како што ние уживаме додека ги создаваме.

Прочитај повеќе

Што можеме да направиме за Вас?

93010061_214615736632837_3760774184439906304_n-310x240

Проектирање и изведба
на дворови

93390580_233396607862319_5887242776503910400_n-310x240

Проектирање и изведба на кровни градини и зелени ѕидови

92751462_511980342828272_7011834152840331264_n-310x240

Проектирање и изведба
на системи за наводнување

Сертификати

Задовоство наше е да споделиме дека од сега сме официјално сертифицирани по ISO стандарди.

 Проектирање, дизајнирање и изведба на проекти од областа на хортикултурата на јавни и приватни површини и објекти, како и кровни градини и зелени ѕидови;

 Производство на хортикултурен украсен и друг вид на саден материјал;

 Проектирање, дизајнирање и инсталирање на системи за наводнување, како и продажба на големо и мало на секаков вид растенија и делови за системи за наводнување.